Се укинуваат сезонските работни места, невработеноста им расте
Објавено во: Економија, Свет 27 Април, 2017
Од зимава се укинати голем број на сезонски работни места при што невработеноста во Шпанија се искачи на 18.8%.
Од јануари до март има плус 17.200 нови невработени, а вкупната бројка на луѓе кои се без работа е 4.3 милиони.
Тоа е спротивно од податоците за четвртото тромесечје во 2016 година, кога невработеноста падна на 18.6%.
Во 2013 година во Шпанија невработеноста го достигна врвот и изнесуваше 27%.
Потоа земјата почна да излегува од пет годишна криза.
Но, сепак Шпанија и ден денес заедно со Грција се држави со најголема невработеност во еврозоната.