18 Април, 2024
0.0229

СДСМ тврди дека со новиот Закон за персонален доход ќе има плус 7 милиони евра кај земјоделците

Објавено во: Агробизнис 23 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Со усвојувањето на измените на Законот за персонален доход, сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и имаат приход до еден милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, ќе им биде вратен во целост, соопштуваат од партијата на власт.

Од СДСМ посочуваат дека со новиот закон, 65.000 земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок и на овој начин велат кај земјоделците ќе остануваат околу седум милиони евра повеќе.

Дополнително, со измените на Законот земјоделците ќе бидат ослободени од административните трошоци, односно, земјоделците ќе бидат ослободени од обврската да поднесуваат даночни пријави, а тоа во нивно име ќе го прават откупувачите.

Од партијата на премиерот потенцираат дека ова е  уште едно реализирано ветување кое се наоѓаше во програмата на СДСМ и кое предвидуваше земјоделците да бидат ослободени од паушално оданочување.

Ова е уште едно реализирано ветување кое се наоѓаше во програмата на СДСМ и кое предвидуваше земјоделците да бидат ослободени од паушално оданочување.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари