24 Април, 2024
0.0295

САНКЦИИ: Кој ќе биде на црната листа на ЕУ и што понатаму?

Објавено во: Македонија 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Малинка Ристеска Јорднаова од Институтот за Европска политика и Арсим Зеколи поранешен амбасадор за Фактор ги анализираат најавите за можно воведување санкции кон Македонија. 

АКО ПОЛИТИКАТА НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ ТОГАШ СЕ ПРЕМИНУВА КОН САНКЦИИ

„Македонија може реално да се соочи со санкции на ЕУ - и тоа најверојатно кон поединци, не кон државата, како што се чита од изјавите на претставниците на ЕУ. Во секој случај лошо би било да се санкции кон државата. Пораката ќе биде јасна само ако е упатена кон поединци. Кон санкции ЕУ прибегнува само кога политичките средства веќе не успеваат, зашто заканата од санкции е поефективна од самата санкција. Сосема од поодамна е јасно дека кликата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со поранешниот премиер целосно ја оддалечува земјата од НАТО и ЕУ, за да избегне кривична одговорност. ЕУ не ги препозна навреме опасностите во Македонија. Сега конечно и европската конзервативна партија му го сврте грбот на Груевски. Неговата политичка потпора во ЕУ е сега минимална“, вели  Малинка Ристеска Јорданова од  Институтот за Европската политика.

Поранешниот амбасадор и аналитичар Арсим Зеколи смета дека најавите за санкцци кон Македонија се само дел од пакетот на таканаречени  конфликт превентивни предупредувања упатени кон актерите во кризата.

ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ  Е МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ

„Неодамнешното вклучување на Милорад Додик на црната листа на САД упатува на тоа дека западот е спремен да превзема санкции, но со ограничен ефект. Би потсетил дека во Унијата веќе има разногласие за ефективноста на санкциите кон Русија, и притоа би укажал на иксуството со Белорусија кога една земја членка – Словенија – се закани со блокирање на санкциите против Лукашенко доколку не се изземе еден од финансиерите на режимот во Минск со лица од Словенија имале склучено договор за изградба на трговски центар. Верувам, сепак, дека добар дел од земји членки на ЕУ се спремни да изгласаат санкции, но тоа отвара две дилеми. Првото е дали тие санкции би биле подржани, или пак блокирани од земјите на Вишеградската група, значи Унгарија, Словакија, Австрија кои се отворено наклонети кон режимот на Груевски и не сакаат промена на власта кај нас. 

Втората дилема е уште поважна а се однесува на тоа кон кого конкретно би биле воспоставени таквите санкции – кон институции или пак индивидуи. Доколку е кон институции, во смисла на партии, тоа би имало ефект во смисла на нивно исклучување од сите форуми и соработки и долгорочна стигматизација. Доколку е кон индивидуи, се наметнува прашањето каков ќе биде изборот на лицата кон кои ќе се применуваат. 

Поточно, доколку санкциите бидат превземено единствено кон ВМРО-ДПМНЕ а не и кон ДУИ – институционално и индивидуално – тоа ќе предизвика поголема штета отколку корист, од проста причина што ДПМНЕ тоа ќе го спинува во правец на нивно толкување како селективна казнена политика со која западот наводно ги казнува Македонците а ги штеди Албанците. Со обзир што досега западот отворено ги премолчуваше и криеше криминалите на ДУИ, нема причина за сомнеж дека тој приод ќе биде употребен и во случај на наметнување санкции. И со тоа дополнително ја отежнат состојбата и продлабочат недовербата“, објаснува Арсим Зеколи.

Горазд ЧОМОВСКИ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП