19 Април, 2024
0.0315

Саем за традиционална македонска храна и активен туризам во Рамстор Мол

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Колку навистина ја познавате Македонија? Дали сте јавале коњ преку зелените ридови на Галичник или сте летале со параглајдер над синото Охридско Езеро? Дали сте пробале зелено вино од Кавадарци или овошен локум од Крушево?


Овој викенд Ис(в)куси ја Македонија во Рамстор Мол на саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам! Преку 30 вкусни, традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје ќе бидат на продажба - вина од малите тиквешки винарии, крушевски домашни џемови, велешки органски мед и многу други.

Истовремено, на саемот ќе можете да се запознаете со богатата туристичка понуда на Македонија и да резервирате една од многуте понудени авантури по намалени цени - планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник и многу повеќе!


Саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ е организиран од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.

Можеби ќе ве интересира

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist