РУСКИОТ ЧОВЕК ЗА ИДНИНАТА: Биткоинот е полош од казиното
Објавено во: Економија 19 Октомври, 2017
Вложување во биткоини е помалку предвидливо од играње рулет во казино, вели рускиот министер за економски развој на Русија Максим Орешкин.
Според неговите зборови, неквалификуваните инвеститори не би требало да имаат пристап до инструменти со така висока волатилност.
„Што се однесува до биткоинот, ако погледнете како се движи неговата вредност, се зголемува за десетина проценти, а потоа толку падне ... тоа е полошо од казино. Прво, заработувате, заработувате, добро ви оди, а потоа изгубите се, и немате ништо“, рекол Орешкин.
„Оние кои не знаат како да управуваат со ризици и такви средства со таква нестабилност не би требало да имаат опција да инвестираат, бидејќи во 99,9 одсто, случаи резултатот е загуба за такви луѓе и потоа ќе се најде во тешка животна ситуација што не е добро“, додал Орешкин.
Рускиот министер предложил трговија со биткоини да им се овозможи само на квалификувани инвеститори. На пример, за да го добиете тој статус, потребно е да имате најмалку шест милиони рубљи на ваша сметка, или сте работеле најмалку две години во финансиска институција која тргувала со хартии од вредност.
Рускиот претседател Владимир Путин конечно дал зелено светло за создавање национални криптовалути.
Орешкин важи за министер кој му е омилен на Путин. Се споменува како човек за иднината и иден премиер.