Русија купува огромни количини злато да му се спротистави на доларот
Објавено во: Економија 26 Март, 2017
Русија го продолжува трендот на зголемување на своите златни резерви со цел да постави баланс во економијата и да ја намали зависноста од доларот како доминантна валута. Според последните информации само во јануари Русија купила речиси 30 тони злато и може да го надмине ланскиот рекот од нешто над 200 тони злато години.
Со тоа веќе Русија има 16% од резервите изразени во злато и на тој начин го амортизира негативното влијание на падот на главните енергенси нафтата чија цена опаѓа како и природниот гас.
Сепак, и со големото темпо на годишна набавка од околу 200 тони Русија и натаму заостанува зад САД, Италија, Германија и Франција кога се во прашање златните резерви. Купувањето на злато дава индикации дека постои мала доверба на финансиските и енергетските пазари.