Република Српска ќе има самостоен избирачки список
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2017
Република Српска подготвува нов закон за референдум, што треба да биде донесен оваа година, пишува српскиот весник „Блиц“.
Институциите во Република Српска почнаа да работат сериозно на новиот закон за референдуми, со што ќе бидат уредени и прашањата за самостоен избирачки список.
Државната изборна комисија (ДИК) на Босна и Херцеговина одби да и обезбеди на Република Српска избирачки список за потребите за референдумот за Денот на Република Српска, што се одржа во септември лани, но босанските власти и меѓународната заедница го отфрлија како незаконски.
Потоа Република Српска се обрати до босанскиот Суд, каде беше потврдена одлуката на ДИК, а потоа земјата поднесе жалба до Уставниот суд на БиХ.
Уставниот суд неодамна ја отфрли жалбата на босанската српска Комисија за спроведување на референдум како неприфатлива.