Раздвижување со акциите на првиот работен ден по празниците
Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2018
Вчера, на првиот работен ден по празниците, се бележат нови движења со акциите на девет котирани друштва, но овој пат не станува збор за тргување со акции, туку со нетрговски трансфер на обични акции со право на глас.
Македонска берза согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, соопшти дека вчера на 9 јануари е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Уготур АД Скопје – 26 обични акции;
- РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции;
- Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје – 776 обични акции;
- РЖ Економика АД Скопје – 23 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 24 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 197 обични акции;
- РЖ Техничка Контрола АД Скопје – 9 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 535 обични акции;
- Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје – 465 обични акции;