19 Април, 2024
0.0265

Распартален пазарен систем

Објавено во: Економија, Колумни 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Иако деформациите во политичкиот систем се повеќе од очигледни, лидерот и неговите подржувачи сеуште неможат да ги увидат. Лидерот навистина не разбра на кое дереџе го доведе уставно определениот демократски политички систем. Целосно го игнорира, веројатно, затоа што го стави во функција на остварување на неговите лични и партиски интереси. Извештајот на Прибе го разниша, но и по него, не се сеќавам дали некаде  спомена потреба за реформи и на системот и на институциите во насока на создавање и развивање на правна држава.

Несфатливо е, меѓутоа, колку  малку се зборува за  урнисувањето на уставно утврдениот економски систем. Како да е се’ во ред со неговото функционирање. Најмногу што се критикува е груевистичката популистичка политика во буџетската потрошувачка.  И тоа како нешто независно од влијанијата врз вкупната економија. А тие се поразувачки. Со таквата политика тој го распартали системот на пазарна економија. Нема ништо од пазарни сили и односи. Сето тоа е суспендирано од страна на вољата на лидерот. Направи крпеница од системот, при што не се распознава која е првобитната „ткаенина“, а кои се „крпениците“. Главно се зборува за „успесите“ на економијата под негово водство. Не е важно што тоа е пропаганда со лаги и полувистини.

Системот е толку деформиран што не генерира развој врз пазарни услови на стопанисување. За економичност во работењето и продуктивност на трудот воопшто не се зборува, и покрај очигледните податоци дека се трошат се’ поголеми средства (и тоа позајмувани од странство), а ефектите, пропорционално, се се’ помали. Повиканите не се ни трудат да објаснат зошто е тоа така.  А како да објаснат, кога пазарната економија функционира без објективни пазарни критериуми?

Како давеници за сламка се повикуваат на релативно стабилните цени на стоките и услугите и на стабилниот курс на домашната валута. Но,  тие денеска не се  објективни пазарни сигнали за целиот бизнис во земјата.  Во недостиг на конзистентна развојна политика, тие се деформираа под влијание на волунтаристичките, секојдневно променливи, популистички мерки на власта. Во зависност од нејзините интервенции во релативно стабилното ниво на цените  и на курсот се нарушуваат односите меѓу производителите и на домашниот и на странските пазари.  Таквите интервенции кулминираа  со субвенционирањето на платите на вработените во ТИРЗ-овите и најновата измислица за поттикнување на вработувањето преку субвенционирање на платите на нововработените.

Ефектите од нив се очигледни. Се разбира, неповолни. Заради привлекување на странските директни инвестиции битно се нарушија условите за стопанисување меѓу домашните и странските инвеститори. Се создадоа речиси паралелни економии. Ниту цените ниту курсот, поради разликите во цената на трудот, не се единствени критериуми и сигнали за пазарно однесување на сите стопански субјекти  во земјата. На корисниците на субвенции им се овозможува  да остваруваат или високи екстра профити или да опстојуваат на пазарот со државна помош, а тие кои не користат можат и да пропаднат, бидејќи ја губат ценовната конкурентност во однос на субвенционираните.

Субвенциите на производите и платите го деформираат и влијанието на курсот на денарот, бидејќи тој не е единствен за сите субјекти, за да биде сигнал за рационална алокација на средствата. Корисниците  на субвенции остваруваат поповолно ниво на девизниот курс отколку другите. Во опседнатоста со стабилноста на курсот,  се изгуби од предвид дека позначајно за развојот на економијата е одржувањето на единствен девизен курс, поради порационалното вклучување во меѓународната поделба на трудот. Запоставувајќи го овој факт, а задоволувајќи се со порастот на извозот од  ТИРЗ-овите, власта не го виде трендот на намалување на извозот од страна на домашните извозници. Радувајќи се на порастот на извозот на странците, ни еднаш не се осврна зошто извозот на земјата во 2015 година беше на исто ниво како во 2011 година (4,5 милијарди долари). Има ли повалиден аргумент за да се преиспита конкурентноста на домашните извозници?

Во овој контекст станува јасно зошто е потребно „брлавењето“ на јавноста со ветените и остварени проекти на лидерот. Наведувањето  на голите бројки е попримамливо отколку да се бараат причините зошто економијата не испорачува задоволителни ефекти и покрај огромните вложувања. А причините се економски и неможат да се отстранат во систем без објективни пазарни критериуми. Нивното деформирање со волунтаристички мерки на власта  само ги влошуваат состојбите во економијата. Со нив се „убива“ мотивот за стопанисување. За домашните бизнисмени единствен мотив е да  преживеат на пазарот. Затоа не е случајно што во изминатите седум години се „пребиваат“ годишните стапки на пораст и пад на продуктивноста на трудот. Се работи за да се преживее, а не да се оствари поголема добивка. Тоа се гледа и од инвестициите во основни средства. Вложувањето во машини и опрема во 2013 година е помало од истите вложувања во 2008 година. Треба ли други податоци за да се види неповолната клима за инвестирање во модернизација и развој?

Мотивот за стопанисување го срозува и практиката на нееднаквост пред законот и селективната правда. Рекетирањето на бизнисмените  од позиција на власт и  селективната примена на прохибитивните казни, само ја надополнува претходно изнесената констатација. Во моментов, во земјата имаме инсталиран  антипазарен, волунтаристички стопански систем чие продолжено владеење со сигурност не’ води кон колапс на државата.

Шансата да се избегне опасноста е во промената на власта на Груевски и на груевистите.  Тие не ја разбраа моќта на пазарните сили и односи и на ефикасната социјална улога на државата, па се обидоа да ги супституираат, преку ад хок популистичките мерки насочени кон  манипулација на таргетирани поголеми групи од населението за изборни цели. Таквата практика мора да се елиминира со изградба на ефикасен пазарно- социјален ситем. Тоа со Груевски и груевистите не е изводливо. И само заради тоа треба да се симнат од политичката сцена. Некадарноста во вршењето на власта е доволен аргумент. Да не зборуваме и за  нивното криминогено однесување, формализирано и со покренатите постапки од страна на Специјалното обвинителство.

Д-р Крсте Шајноски


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб