29 Март, 2024
0.0237

Путин ја открива неговата тајна за успех: На што се должи?

Објавено во: Стил 29 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Не еднаш рускиот претседател Владимир Путин застанал на чело на престижни листи кои го прогласува за највлијателниот човек во светот. Тој смело го шири и влијанието на својата земја на речиси секој ќош планетата - од Сирија до претседателските избори во САД, Путин продолжува да го добива она што сака.

Според него тајната на успехот лежи во трудољубивоста, самодовербата и љубовта кон Татковината. Можеби токму тие го водат напред и му помагаат во годините на успешно управување со најголема по површина држава во светот.

„Гледаме дека нашите сегашни носители на наградата се сосема различни, доста различни - повеќе професии, по животно искуство, според патиштата кои се превземени во животот. Но има нешто што ги обединува сите - секој носи талент, трудољубивост, самодоверба и љубов кон Татковината. Сето ова заедно води до успех. Ви благодариме“. Ова го изјави тој за време на доделувањето на орден "Херој на трудот". Орденот го добија петмина Руси.

Наградата "Херој на трудот" беше вратена во Русија во 2012 година. Терминот се користи активно од 1921 година, а самата титула е вклучена во Советскиот Сојуз во 1927 година и се доделува на луѓе имаат извонредни достигнувања во производството, научната дејност, државни и јавни услуги, и имаат работен стаж над 35 години. Подоцна наградата се преименува во "Херој на социјалистичкиот труд".

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи