Промена на времето во Македонија, од утре свежо и со дожд
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017
Од утре во Македонија ќе има промена на времето.
Во сабота се очекува облачно време со врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. На ридско-планинските предели и на планините над 1000 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 13 степени. Во недела во раните утрински часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува претежно облачно и свежо време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе бидат од -2 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 11 степени. Во понеделник и вторник ќе следи умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со пораст на утринските и дневните температури. Во понеделник утринските ќе бидат од -1 до 6 степени, а максималните од 7 до 1 степени, додека пак во вторник минималните температури ќе се движат од -2 до 5 степени, додека пак дневните од 10 до 18 степени