Продаден екстремно скап стан - над 5000 евра чини квадрат
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2017
Во соседна Србија лани е продаден стан за 700.000 евра во Стари град во Белград.
Се работи за стан од 132 квадрати, што значи дека еден квадрат чини 5.290 евра.
Но, најскапата куќа која е продадена во 2016 година, не е во Белград, туку во Суботица и тоа за 1.2 милиони евра.
Во Србија лани се продавале 126.000 недвижнини, или за 12% повеќе за разлика од 2015 година.
Просечната цена на квадратен метар површина е 880 евра.
Во земјата два пати годишно ќе се објавуваат цените на недвижниот имот.