Прибе: Да видиме што ќе направиме, само што почнавме со работа
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2017
Од Министерството за надворешни работи соопштуваат дека експертот на Европската унија, Рајнхард Прибе денеска на работен појадок со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја реафирмирал подготвеноста експертскиот тим да и помогне на Македонија.
Станува збори за надминување на недостатоци во неколку важни области кои се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на регулаторните тела.
Прибе ја истакна потребата од засилен ангажман и мобилизација на релевантните институции во Македонија за реализирање на препораките од Извештајот и Итните реформски приоритети. Прибе за медиумите изјави дека неговата работа само што почнала и не сaкаше дополнително да коментира.
„Не давам никакви изјави, да видиме што ќе направиме, само што почнавме со работата“- вели Прибе.
Експерти од тимот на Прибе и Европската комисија ќе учествуваат во спроведувањето на реформите во правосудството, работата на УБК, медиумите и институциите.