20 Април, 2024
0.0251

Презентација на бизнис идеите на учесниците во CEED HUB Скопје

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска од 13.00 до 16.30 часот, во просториите на CEED HUB во Скопје, се организира завршна презентација на 17 стартап бизниси кои учествуваа на програмите на CEED HUB во изминатите 3 месеци. Стартапите ќе се претстават пред потенцијални инвеститори со кои ќе можат да разменат информации во врска со нивниот бизнис. 

Во изминатиот период CEED Hub Скопје имплементираше 2 програми за стартапи со цел поддршка на тимовите во развој на нивните бизниси. Акцелераторската програма, единствена во Македонија, вклучуваше 7 стартапи во кои CEED Hub Скопје инвестираше 68.000 усд. 

Пред-акцелераторската програма наменета за дизајнери, поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, вклучуваше 9 стартапи. Учесниците од програмите имаа можност да работат со домашни и странски експерти, да истражуваат и имплементираат иновативни решенија, како и да добиваат важни деловни совети од ментори – македонски бизнисмени подготвени да го делат своето искуство и знаење.

На настанот ќе може да се поставуваат прашања и да се отворат можности за соработка. CEED Hub Скопје е отворен во рамки на УСАИД Проектот за микро и мали претпријатија, ко- финансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од CEED Македонија – Центар за развој на претприемачи и менаџери. Во последните неколку години претставува еден од најактивните центри за поддршка на стартап екосистемот во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга