Пожар пламна во бегалски камп во Харманли
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2017
Околу 270 лица згрижени во Центарот за прием на бегалци во Харманли во Бугарија се авакуирани минатата ноќ поради пожар во објектот, соопшти локалната полиција.
Како што јави БТА, пожарот избувнал околу 30 минути по полноќ по локално време (23.30 часот по средноевропско време) во просторија која била користена како складиште.
При пожарот нема жртви, но се уништени 10 душеци, 15 метри од електричната инсталација и 50 метри квадратни од објектот.
„Причините за пожарот се утврдуваат. Истрагата е во тек. Во оваа фаза се уште не можеме со сигурност да заклучиме што го предизвикало огнот“ - вели инспекторот од полициската управа во Хасково, Пламен Петков.
Бегалците се евакуирани од просториите во кои престојувале и сега се времено префрлени на безбедно место.