ПОНУДА ЗА ГЕРМАНИЈА: Плаќаат сместување, пат и 12 евра по час
Објавено во: Финансии 09 Август, 2017
Германската компанија MT Montage бара заварувачи и електричари, на кои ќе им покрие трошоци за сместување, пат и 12 евра по час.
Тие поставуваат услов работникот да има најмалку три до четири години искуство.
Почетната цена е 12 евра по час за заварувачи и 8 евра за електричари.
Постои можност понатаму цената за работен час да се зголеми.
Доколку работникот нема соодветен сертификат, компанијата ќе го финансира истиот.
Опрема за работа ќе биде обезбедена, а пријавувањето трае до 11 август.