23 Април, 2024
0.0290

Партијата на Рама со најмногу гласови на изборите во Албанија

Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Првичните резултати од изборите во соседна Албанија покажуваат дека Социјалистите на премиерот Еди Рама ќе добијат од 45 до 49% од гласовите. 

Тоа е доволно за повеќе од 71 место во Парламентот од 140 пратенички места.

Умерено десната Демократска партија на Љуљзим Баша ќе добие 30% од гласовите.

Ако ова се потврди и по официјалното пребројување на гласовите, тогаш Рама ќе има можност да владее во земјата без да има потреба да коалицира со друга партија.

Анкетите пред изборите покажуваа дека социјалистите ќе победат на изборите, но постоеше мислење дека нема да имаат доволно гласови за да владеат сами.

Огромното мнозинство исто така му дава можност на Рама да не го вклучи во владата сегашниот коалициски партнер Социјалистичкото движење за интеграција кое доби 19 отсто од гласовите.

Рама е во судир со поранешниот лидер на оваа партија Илир Мета, кој сега е претседател на Албанија, избран во парламентот.

Одзивот на гласачите беше околу 45%, рекордно низок за парламентарни избори во Албанија.

Поради ниската излезност, за што некои ги посочуваат жешкото време и крајот на Рамазан, Изборната комисија го продолжи гласањето за еден час.

Демократите се закануваа дека ќе ги бојкотираат изборите, барајќи од Рама да си поднесе оставка за да се обезбедат фер избори. 

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот