Ова се четворицата одговорни за нападите во Шпанија
Објавено во: Свет 18 Август, 2017
Шпанската полиција трага по осомничените лица кои се поврзуваат со нападите во Барселона и Камбрилс.
Тие се на возраст од 17, 18, 22 и 24 години и се со мароканско потекло.
Од нив три лица се од градот Риполиј со 10.000 жители, а еден е од Рибес де Фресер.
Полицијата смета дека е можно возачот на комбето да е убиен во нападот во Камбрилс.