Ова е најмоќниот пасош во регионот
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2017
Според Passport Index, во светот со германски и сингапурски пасош без визи може да се патува во 159 држави.
Во регионот најмоќен е хрватскиот пасош, со кој може да се патува во 143 земји, а визи се потребни за земјите во Африка и Блискиот Исток.
Од хрватскиот пасош, помоќен е словенечкиот со кој може без виза да се патува во 149 земји, а српскиот и босанскиот пасош се подолу на листата.
На дното на листата е Авганистан и нејзините жители без виза можат да одат во 22 земји, а најлоши се Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија.
Од европските земји најлошо стои Косово и со нивниот пасош без визи можат да патуваат во 41 земја. Србите можат да патуваат во 112 држави, Македонците може да патуваат без визи во 108 држави, жителите на БиХ – 101, и Црна Гора во 105 држави.
Велика Британија иако беше меѓу првите 5 со години, сега заради Брегзит падна на 11 место.