19 Април, 2024
0.0318

Освоиле 4000 евра на квиз и ги вложиле паметно

Објавено во: Агробизнис 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Александар и Оливера Голиќ од Зрењанин освоил 4000 евра на наградни игри и парите ги вложиле во агробизнис. 

Тие со 1500 евра купиле нива и почнале да се занимаваат со земјоделско производство. 

Производите прво ги користел за антистрес терапија. 

Нивното хоби било бонсаи и цвеќето, а почнале да се занимаваат и со органско производство. 

„Работата е многу напорна и трае 10 месеци во годината“ - вели Александар. 

Сега тие имаат вистинска „шума“ од храна и тоа овошје, зеленчук, лековити и зачински билки. Одгледуваат 30 култури, а од 15 иако ги одгледувале во изминативе 10 години се откажале. 

„Од нашите производи правиме сокови, џемови, слатко, ракија, зимници. Наскоро очекуваме наше сушено овошје и сушени билки. Со оглед на тоа дека храната ја трошиме за свои потреби, немаме голем вишок за на пазар, но нашите стебла растат и родот се зголемува“ - вели ова семејство. 

Голиќ наскоро очекуваат и економска добивка од својата работа. Сепак, велат дека во последните 30 години воопшто во Србија не се води грижа за земјоделците и политичарите треба да работат на подобрување на нивниот статус. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари