25 Април, 2024
0.0311

ОИЛКО пред Нова година си откупи сопствени акции

Објавено во: Економија 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Нафтената компанија ОИЛКО изврши откуп на сопственици акции преку Македонска берза, што е втор ваков потфат годинава иако сега со многу помал обем.

„ОИЛКО КДА Скопје, со седиште на ул. 10 бр. 152 Миладиновци - Илинден, на ден 06.12.2017 година изврши откуп на 35 сопствени акции, согласно Одлуката на Собранието на акционери донесена на Седницата одржана на ден 15.06.2017 година. Досега откупените 1.508 сопствени акции преставуваат 0,60% од основната главнина на Друштвото“ стои во соопштението објавено на Македонска берза.

Просечната вредност на акциите на ОИЛКО изнесува 6000 денари, со 281,71 денари добивка по акција и дивиденден принос од 1,50%. ОИЛКО во последните три години доделуваше дивиденди.

Да потсетиме дека во јуни ОИЛКО го изврши „грото“ од откупот на сопствени акции. Тогаш беше донесена одлука пдд распоредените средства за посебни резерви за купување на сопствени акции, во износ од 15.000.000 денари, да се купат најмногу 5.000 сопствени акции, или 2% од основната главнина на Друштвото, по најниска просечна цена за една акција од 3.000 денари, а по највисока просечна цена за една акција од 6.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија