Од Охридските води крстот го извади Иван Лотески
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2018
Охрид традиционално ја одржа најголемата манифестација по повод православниот христијански празник Богојавление – Водици.
Крстот од Охридските води го извади Иван Лотески .
Како што рече тој ова му е прв пат да го „фати“ крстот а од 14 скока по светиот крст.
Освен молитвата, Иван кажа дека немал никаква друга подготовка.
Охрид и годинава пречека илјадници гости на оваа традиција.