НОВИ ПРАВИЛА: Ако заминете да работите во Словачка ова треба да го знаете
Објавено во: Економија 25 Март, 2017
Словачка усвои Закон за работа на странци кој го забрзува процесот на издавање на работни дозволи.
Со ова се озвозможува работниците кои заминуваат сезонски да не бараат дозвола, а ако ја изгубат работата два месеци имаат за да бараат нова работа.
Ваков закон се носи затоа што гастарбајтерите од другите земји имале многу проблеми, и тоа претежно земји кои се надвор од ЕУ.
Луѓето од Балканот за работа во Словачка ќе мора да потпишат договори.
Ако сезонците сакаат да останат повеќе од 180 дена, тогаш ќе мораат да бараат престој.
Претходно имаше случај на работници од Србија кои отишле на работа во Словачка со лажни документи, а при тоа немало соодветни услови за сместување за нив.