20 Јануари, 2018
0.3750
    ALK 7650    0.02%     BESK 9991    -3%     GRNT 824.02    0.32%     KMB 3152.12    0.17%     MTUR 4250    1.19%     OHB 5200    4%     OKTA 3111    -8.96%     RMDEN16 94.4    0%     RZUS 113    9.51%     SLAV 6100    95.89%     STB 960    1.65%     STIL 151.56    0.58%     TIKV 153    -2.55%     TKVS 3202    1.72%     TNB 13228.04    0.22%     TTK 951.17    1.04%     UNI 2000    0.03%     ZPKO 2710    4.23%

Новата политика на Трамп може да ја зајакне улогата на нуклеарното оружје

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2018

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп може да се впушти во развојот на нови нуклеарни оружја и експлицитно да ја остави отворена можноста за нуклеарен одговор на големи ненуклеарни напади, ако проектот за нова нуклеарна доктрина на САД, објавен во медиумите стане реалност, пренесе Ројтерс.

Пентагон одби да го коментира документот „Nuclear Posture Review“, кој беше објавен од сајтот "Хафингтон пост" и предизвика остри критики од експертите за контрола на оружјето, според кои тој може да го зголеми ризикот од нуклеарна војна. Министерството за одбрана соопшти дека не се разговарало за прелиминарни, неодобрени проекти за стратегии и прегледи. Документот не е финализиран и треба да биде разгледан и одобрен од претседателот и министерот за одбрана, велат од Пентагон.

Анонимен извор потврдил за Ројтерс дека документот е автентичен, но не кажа дали е истиот опција која ќе биде претставена на Трамп за одобрување. Претседателот нареди изготвување на новата нуклеарна стратегија на 27 јануари минатата година. Несекретната верзија на документот зазема 64 страници. Се претпоставува дека новата доктрина ќе биде официјално објавена кон крајот на јануари или почетокот на февруари.

Претходникот на Трамп, претседателот Барак Обама, ја објави својата намера да ја намали улогата на нуклеарното оружје во стратегијата за национална безбедност на САД во својот „Nuclear Posture Review“ во 2010 година, кога за последен пат беше изготвен овој политички документ.

Сепак, проектот на администрацијата на Трамп тврди дека претпоставките на Обама за свет во кој нуклеарното оружје станува излишно се покажале како погрешни. Светот е повеќе, а не помалку опасен, се вели во текстот. Тој уште посилно ја потврдува улогата на нуклеарното оружје како одмрзнувачка сила против противниците на САД и се залага за скапа модернизација на старечкиот американски нуклеарен арсенал.

Канцеларијата за конгресен буџет ги проценува трошоците за модернизација и одржување на американските нуклеарни арсенали во текот на следните 30 години, на повеќе од 1,2 трилиони долари. Според новиот документ, одржувањето на постојниот арсенал ќе чини речиси половина од проценетиот износ. Но, ефективната нуклеарна сила за одвраќање е поевтина од војната, се вели во текстот.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНУВАЊЕ НА РЕЛАЦИЈА РУСИЈА - УКРАИНА: Koj се подготвува за војна?

ОБВИНУВАЊЕ НА РЕЛАЦИЈА РУСИЈА - УКРАИНА: Koj се подготвува за војна?

(ФОТО+ВИДЕО) ПУСТОШ ВО ЕВРОПА: Еве што направи невремето

(ФОТО+ВИДЕО) ПУСТОШ ВО ЕВРОПА: Еве што направи невремето

(ВИДЕО) СО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА МЕЃУ ЛУЃЕ: Загина бебе

(ВИДЕО) СО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА МЕЃУ ЛУЃЕ: Загина бебе

Многу силен земјотрес ја погоди оваа земја

Многу силен земјотрес ја погоди оваа земја

(ВИДЕО) ОГНЕНИ УЛИЦИ: Нафта се изли во руско село

(ВИДЕО) ОГНЕНИ УЛИЦИ: Нафта се изли во руско село

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈОПАСНИОТ МОСТ НА СВЕТОТ: Како да се помине?

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈОПАСНИОТ МОСТ НА СВЕТОТ: Како да се помине?

(ВИДЕО) ХОЛАНДИЈА: Стебло се скрши пред жена со бебе

(ВИДЕО) ХОЛАНДИЈА: Стебло се скрши пред жена со бебе

2015, 2016 и 2017 најтопли години - каде ќе не однесе затоплувањето?

2015, 2016 и 2017 најтопли години - каде ќе не однесе затоплувањето?

(ВИДЕО) СИЛНИОТ ВЕТАР ПОБЕДЕН: Ужасно слетување на аеродромот во Дизелдорф

(ВИДЕО) СИЛНИОТ ВЕТАР ПОБЕДЕН: Ужасно слетување на аеродромот во Дизелдорф