Новата листа на УЈП има помалку должници и намален долг
Објавено во: Финансии 11 Јануари, 2018
УЈП го објави првиот преглед на должници за неплатени даночни обврски во 2018 година кој споредено со последно објавениот од претходната година има помал број на должници и помал неплатен вкупен долг. Листата на должници се однесува на долгови доспеани до 30.09.2017 и неплатени до 31.12.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини
Според податоците на УЈО на последната листа на должници има за 324 помалку физички лица должници од претходно или вкупно 1594, но и 13 правни лица должници повеќе од претходно или вкупно 2370. Во однос на вкупниот неплатен долг УЈП открива дека
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2018 изнесува 10,767,568,528 денари, помалку за 198,500,347 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,738,756,623 денари (помалку за 182,126,222 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28,811,905 денари (помалку за 16,374,125 денари од претходната листа).
Во продолжение на следниот линк може да ја прегледате целосната нова листа на даночни должници.