25 Април, 2024
0.0273

Нов предлог до ПИОМ за пензионирање за жени на 59 и мажи на 61 година

Објавено во: Економија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Жените да можат да се пензионираат на 59 години, а мажите на 61 година, би предвидувале новите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои сè уште се во фаза на разгледување. Според нив, трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери би паднал на товар на работодавците. Вакви измени се планираат и се чекаат конечните пресметки од Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување, во врска со тоа колку би изнесувал надоместокот што ќе треба да го плаќаат работодавците.

Главниот  носител на идеите за вакви законски измени е бизнис–заедницата и синдикатот, а се чека на официјалните предлог – измени во законот кои ќе ги понудат социјалните партнери до Министерството за труд. Самата иницијатива потекнува од бизнисмените, кои одреден период бараат решение како да го подмладат работничкиот кадар. Со ваквите измени, кои нема да имаат финансиски неизбежни последици врз државата, ќе се даде можност на работодавците да го подобрат работниот процес и да се загрижат работниците на кои веќе годините, а и здравствената состојба не им дозволуваат до крај да ги исполнат задачите поврзани со работата. Организацијата на работодавци веќе испратила барање до ПИОМ да пресмета околу триесет „пробни надоместоци“ за работници на оваа возраст. Во исчекување се пресметките од ПИОМ по што се очекуваат информации, за да се стави на хартија предлогот до министерството.

Од Организацијата на работодавци информираат дека првите предмети се дадени до ПИОМ, кој треба да ја пресмета вистината на надоместокот која би требало да ја земаат лицата што би заминале три години порано во пензија, а идејата е за тие три години да земаат надоместок преку Агенцијата за вработување, која ќе го плаќа работодавецот и да се водат како технолошки вишок.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија