Нимиц: Со години не сум дал нови идеи, сега има позитивен моментум
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2018
Олеснувачот во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц, посочува дека подолго време не можел да дава предлози со оглед на политичката состојба во двете земји, но сега постои позитивен моментум кој може да се искористи. Медијаторот пред утрешната средба во Њујорк смета дека постои добра атмосфера за решавање на долгогодишниот спор.
– Низ годините, јас дадов разни сугестии. Некои од нив биле корисни за една од земјите. Некогаш, пак, тие биле корисни за другата земја. Ќе се потрудам да ги земам предвид елементите, кои сум ги слушнал и од двете страни. Не сум претставил ниту една идеја во последниве неколку години. Не беше соодвенто да давам идеи со оглед на тоа што се случуваше. Но, сега мислам дека имаме добри преговарачи. Василакис е искусен и го познава прашањето многу добро. Исто така и Наумовски е многу ефективен дипломат. Тие се и колеги и ќе се обидеме со некои идеи, вели Нимиц во интервјуто за грчката национална телевизија ЕРТ .
Според него новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши прашањето за името и има позитивен моментум меѓу двете земји.