Николиќ: Србија не треба да презема контрапотези кон Македонија
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2017
Српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за РТС изјави дека српската политика кон признавањето на уставното име, суверениетот и територијалниот интегритет на Македонија не смее да се промени.
Николиќ смета дека Србија не треба да презема контрапотези кон Македонија. Вели дека Србија нема да се одмаздува на помалите земји.
,,Македонија се замери со нас. Но, ние имаме добри односи со нив. Ние мораме да ја зачуваме Македонија. Нам ни треба Македонија. Тие се во голем хаос. Толку ми е жал, не знам воопшто дали некогаш ќе формираат влада. Отстранети ли се таблите од граничните премини? Видете тоа беше една од причините зошто во Брисел, во пријателски разговор се скаравме Иванов и јас. Тој праша: Зошто сте ставиле табла на која пишува Бивша Југословенска Република Македонија, кога сте ја признале Македонија, под името Македонија? Јас му реков: Знаете, Грците го правеа тој пат и за отворањето тие ја ставија таблата, со желба луѓето кои патуваат од ЕУ да знаат каде доаѓаат. Бидејќи ако напишете Македонија, луѓето од ЕУ не знаат каде дошле. Таа држава не постои во ЕУ. Значи напишале така како што ви се обраќа целата ЕУ и сите други, освен Србија. И зошто тоа сега вам ви пречи. Нормално, тој после збудале’’- објаснува Николиќ.
Како што изјави Николиќ, Иванов прилично лошо му се правдал дека македонскиот амбасадор во УНЕСКО бил Албанец и гласал спротивно од неговата директива. Но, Николиќ смета дека и за новото гласање за членство на Косово во УНЕСКО проблем ќе бидат и Грција, Иран, Алжир, Египет и други земји чии претставници излегле за време на гласањето, што значи дека ќе треба повторно да работат на нивно убедување.