НЕВРЕМЕ ГО ОДНЕЛО ДАЛЕКУ ОД БРЕГОТ: 56 дена пливал во морето
Објавено во: Свет 25 Март, 2017
Рибар од Филипините е пронајден во водите на Папуа Нова Гвинеја, откако невреме го однело далеку од брегот и тој 56 дена пливал во морето.
Неговиот чичко не издржал. Тие од пристаништето Генерал Сантос тргнале во јануари, а Роланд Омангоса(21) не го забележал ниту еден брод во меѓувреме.
Според полицијата, двајцата немале храна поради што чичкото починал.
Момчето прво било во бродот, но откако бродот почнал да се распаѓа, тој морал да се спушти во водата.
Тој преживеал со 5 литри вода додека да го пронајде нов брод.
Него го прегледале лекари и се чека неговото организирано враќање на Филипините.