25 Април, 2024
0.0337

Нема ли храбри административци кои ќе пријават неправилности?

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за информатичко општество и администрација е едно од ретките кое на своите вработени им овозможува да пријават притисоци, неправилности и несоодветни работни пракси преку законот за заштита на Укажувачи. Тие имаат можност да поднесат анонимна пријава и потоа случајот да биде решен со институционална поддршка. Затоа решивме да провериме какви се состојбите во МИОА по ова прашање и дали понудената можност дава резултати.

Фактор: Дали сегашната пракса дава резултати и дали МИОА под раководство на министерот Дамјан Манчевски планира некакви измени со цел да добијат подобри резултати?

МИОА: Во моментов се спроведува анализа во однос на досегашниот начин на имплементација на законските решенија. Зависно од утврдените слабости во рамки на позитивниот правен систем, доколку е потребно ќе се спроведат и конкретни измени. Оттаму, а во рамки на министерството и во услови на точно утврдени процедури со законските и подзаконските акти не постои голем простор за измени, без разлика колку и да имаме квалитетни планови и идеи за подобрување на моменталната состојба во оваа сфера. 

Фактор: Колкав е бројот на пријави за 2016 и 2017 година?

МИОА: Во 2016 година и во 2017 година до овастенотолице во Министерството за информатичко општество и администрација за прием на пријави од страна на укажувачи не е пристигната ниту една пријава. Овластување за прием на пријави се однесува само на внатрешни укажувачи, согласно со членот 4 од законот, односно се однесува само на пријави од вработени внатре во министерството. Ова е јасно видливо и од Упатството за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните и други податоци на укажувачите, објавено на веб страната на министерството на следната веблокација: http://mioa.gov.mk/files/dokumenti/zashtita_ukazhuvaci/Upatstvo_ukazuvachi.pdf

Фактор: Како продолжува понатаму процедурата откако ќе биде поднесена пријавата и како може да се гарантира приватноста на укажувачот со цел да нема потоа последици врз неговата кариера?

МИОА: Постапката по приемот на пријавата од страна на овластеното лице е утврдена со Законот за заштита на укажувачи  и со Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор.

Фактор: Дали МИОА добива поддршка од останатите институции за процесуирање на поднесените пријави и во каков капацитет?

МИОА: Што се однесува до прием на пријави од надворешни укажувачи, треба да се има во предвид дека согласно членот 5 од Законот за заштита на укажувачи заштитено пријавување укажувачот може да врши и со пријавување до Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република Македонија или други надлежни институции, односно правни лица. Министерството за информатичко општество и администрација со ниту еден закон не е овластено да прима пријави од надворешни укажувачи. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678