Не е крај, допрва почнува-каков шок подготвува нафтата?
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2017
Цените на нафтата веројатно ќе достигнат и 70 долари за барел до крајот на 2017 бидејќи продолжува урамнотежувањето на понудата и побарувачката, предвидуваат американските банки Ситигруп.
Тоа зголемување, сепак, ќе биде постепено и ќе следи во доцните месеци, проценува Ситигруп, а пренесува Раша тудеј.
Ситигруп очекува и позитивни ефекти на договор на членките и нечленките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на производството на нафта, кои неодамна соопштија дека во јануари се остварени 93 отсто од тој план.
Цените на нафтата се опоравија поради намалување на залихите во САД.
Американската „лесна“ нафта (WTI) на Њујоршката берза пораснала за 1,3 отсто на 54,3 долари за барел додека северноморската „брент“ скокнала за 1,4 отсто на 56,8 долари за барел на ICE Лондонската берза.
Податоците на Американскиот институт за нафта укажале на неделен пад на залихите на нафта од 884 000 барели, на пад на залихите на бензинот од 893 000 барели и намалување на нафтените дестилати од 4,2 милиони барели.