Напаѓач цела вечер ја држеше будна полицијата во Лас Вегас
Објавено во: Свет 26 Март, 2017
Напаѓачот кој вчера уби еден човек и рани друг во Лас Вегас на главниот булевар, a потоа се забарикадира во автобус по неколку часа на интезивни преговори со полицијата реши да им се предаде на органите на редот.
Ова го соопшти портпаролот на локалната полиција, пренесува CNN.
Вториот човек врз кого мажот пукал е со полесни повреди и е хоспитализиран. Од локалната полиција прецизираат дека инцидентот засега не се третира како терористички акт.