23 Април, 2024
0.0255

Надлежните си ја префрлаат топката: Кој ја кочи исплатата на субвенции?

Објавено во: Агробизнис 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Земјоделците извисени, надлежните министри си ја префрлаат топката, субвенции нема.

Но, има најава за протести.

По барањето на одговор, се огласи и министерот Кирил Миноски кој се правда дека главна пречка за исплатата на субвенциите за земјоделците е Изборниот законик.

„Главна пречка за исплатата на субвенциите се одредбите од Изборниот законик. На земјоделците од 2006 до 2016 година им се исплатени милијарда и 55 милиони евра субвенции, пред тоа тие воопшто не добиваа субвенции.Секогаш кога има можност Министерството за Финансии им излегува во пресрет на земјоделците“. - велат од министерството за финансии.

Засега неизвесна е средбата на Миноски со земјоделците, а дека проблемот Изборниот законик е призна и министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Сепак тој уверува дека решение ќе се најде. Но додека едни на други ја префрлаа вината, земјоделците решија повторно да излезат на протест.

Утре најавија блокади на неколку патни правци во земјава и пред Министерството за земјоделство во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари