25 Април, 2024
0.0261

Муслиу: Енергична влада со енергичен премиер

Објавено во: Анализа 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Алберт Муслиу, аналитичар и застапник за унапредување на човековите права, во анализа за Фактор ја оценува работата на новата владина постава предводена од премиерот Зоран Заев, за придобивките и досега направените пропусти.

Изминативе шест месеци оваа влада практично и немаше цел шестмесечен период, затоа што реално слободен термин за да направи било што имаше два месеци по изборот и три недели по локалните избори, затоа што по распишувањето на изборите согласно Изборниот законик владата и немаше некој голем простор за било каква работа. Иако, многу често ги напаѓаат за работи за кои објективно и не можеа нешто да променат, заради погоре споменатото.

Сепак, она што веднаш се воочува е енергична влада, уште повеќе забележувам енергичен премиер, што нас досега ни фалеше, тој колку што може го влече целиот апарат на свој грб, му дава темпо и динамика.

Неспорно е дека во надворешна политика оваа влада направи сериозен пробив. Колку и да сме ние дефетисти, сепак тоа може да се примети и од другата страна меѓународната заедница, САД, ЕУ, се забележува дека владата која ја предводи Заев е покоперативна. Меѓународната заедница покажува емпатија, дури и грците, тоа значи дека владата добро го одиграла целиот овој проецес. Нивото на средби кои го имаат, Заев Димитров и останатите ни укажува дека добро си ја вршат својата работа. На пример, Димитров се сретна со американскиот државен секретар Тилерсон што не е така лесно изводливо, а патем ова се случува по 6 месеци. Мислам дека владата успеаа да ги потикне повторни Соединетите американски држави да станат наш партнер и промотер, така што за надворешната политика неспоро е дека оваа влада работи.

Од друга страна, на внатрешно политичката сцена, реално се чуствува релаксирање и самата тендеција на јавноста да реагира на одредени аномалии, покажува дека стравот е заминат. Колку и да се труди некој тоа да го релтатизивира, сепак тоа е така. Имаме катедри, интелктуалци на кои десет години гласот не им се слушаше.

Исто така, евидентно е дека имаме поголема чуствителност и од страна на граѓаните, во однос на нивните жестоки реакции, но и експресните реакции од страна на државните институции. На пример, случајот со ДИК, понатаму некои неадекватни кадровски решенија јавноста ги осудуваше, што претходно не бепше случај.  Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, често пати е на мета на јавноста, а критиките вродија со плод, со тоа што Анѓушев кој е бизнисмен донесе одлука неговите фирми да не учествуваат на државни тендери.

Алберт Муслиу, аналитичар