25 Април, 2024
0.0277

Министерство за финансии: На крајот на вториот квартал државниот и јавниот долг се намалени во однос претходниот квартал

Објавено во: Економија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Од Министерството за финансии доставија  графици на кои е прикажано движењето на јавниот и државниот долг на Република Македонија. 

Министерството за финансии постојано ја известува јавноста за состојбата на државниот и јавниот долг, вели министерот Драган Тевдовски. Додава дека графиконите јасно покажуваат дека на крајот на вториот квартал државниот и јавниот долг се намалени во однос претходниот квартал. 



„Повеќе од очигледен е брзиот раст на долгот во периодот од 2008 до 2016 година. Овие натрупани долгови создаваат потреба за успешно управување со долгот. Во моментов, Министерството за финансии позајмува по пониски каматни стапки, кои се движат помеѓу 1,5% за 6 месечни државни записи и 3,8% за 15 годишна државна обврзница. За споредба, вратениот странски кредит имаше каматна стапка од 6,5%. Важно е и што е намален бројот на аукции на хартии на вредност на две во месецот, од поранешните три или четири аукции. Секако кога се зборува за задолжување, за мене е најважно каде ќе се употребуваат парите“ - вели Тевдовски. 

Додваа  дека наместо непродуктивни трошења на луѓето на власт ќе настојуваат парите да се трошат за поддршка на граѓаните и економијата.

Раздолжувањето во изминатите два месеца е за 30 милиони евра поголемо од задолжувањето. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди