20 Април, 2024
0.0254

Министерот Николовски и DGAgri согласни- итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенцијата

Објавено во: Агробизнис 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со првите луѓе на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ(DGAgri). На средбата од страна на DGAgri присуствуваа Лиам Бреслин, Ана Новак и Зиго Рутковски, како и директорот на македонската Платежна агенција, Николче Бабовски.

Од DGAgri упатија јасна порака - итно зајакнување на капацитетите на Платежната агенција за ефикасна искористеност на постојните и акредитација на нови мерки од ИПАРД Програмата.

Министерот Николовски посочи дека зајакнувањето на капацитетите на ИПАРД управувачкото тело и на Платежната агенција, се високо на агендата на Владата и очекува во иднина да дојде до фазно доекипирање на овие две тела, а подеднакво посветено се работи и на акредитирање на нов мерки од ИПАРД Програмата.

Од DG Agri, порачаа дека треба да се работи на поедноставување на процедурите за аплицирање за ИПАРД Програмата и воведување на основни документи за подобност. Воедно посочија дека треба да се користат искуствата од другите земји, кои се успешни во искористувањето на ЕУ фондовите, како Турција и Хрватска.

Министерот Николовски истакна голема благодарност до претставниците на DG Agri, за нивната заложба за Македонија да може ефикасно да ги  искористи ЕУ фондовите и посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде силен партнер со DGAgri, се со цел модернизирање и приближување на македонското земјоделство до европските стандарди.

Инаку во феврурари следната година Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ,  во Република Македонија ќе организира заедничка работилница со управувачките тела и Платежните агнеции од Албанија, Македонија и Црна Гора за имплементација на повици од ИПАРД Програмата. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари