Microsoft сепак, не може без Биткоин
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2018
Технолошкиот гигант Microsoft реши повторно да ја врати поддршката на корисниците за плаќање за дигитални услуги, купување на апликации, игри и дигитални содржини од електронската база Microsoft Store со криптовалутата биткоин за PC и Xbox.
Корисниците кои се регистрирани на Microsoft Store сега ќе може да вршат повторно трансакции со биткоинот, а најчесто се купуваат видео игри, како за компјутер така и за PlayStation, но и се тргува внатре во самите игри со различни „скинови“ за оружја, предмети, „бустери“ и многу други виртуелни иновации кои имаат додадена вредност.
„Го вративме биткоинот како платежна опција во нашите продавници откако работевме со нашиот провајдер за да се осигура дека помали суми на биткоини ќе бидат прифатени од корисниците“ посочија од Microsoft кој со биткоинот оперира од 2014.
Според оваа изјава се гледа дека привремената забрана за плаќања со биткоин е да не му се нанесе огромна штета на Microsoft, односно некој масовно да се обиде да ја монетизира криптовалутата за дигитални содржини или хардвер во нестабилни периоди на вредноста на биткоинот.