Мицотакис: Грција нема да дозволи влез на Македонија во НАТО без да се реши спорот со името
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2017
Грчкиот опозиционер Кирјакос Мицотакис вели дека Грција нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО без претхдно да се реши прашањето за името.
Лидерот на грчката најголема опозициска партија Нова Демократија за грчкиот интернет портал „Политико“, коментира дека „новата Влада во Скопје прави напори за приближување кон Атина со надеж дека Грција ќе ја повлече десетгодишната блокада за влез на Скопје во НАТО“.
„Тоа нема да се случи“, истакнал Мицотакис.
Сепак, тој изразува оптимизам дека „премиерот Зоран Заев ќе биде конструктивен“.