Меѓународната заедница едногласно: Истрага и казна за злосторот во собранието!
Објавено во: Македонија 29 Април, 2017
Шефовите на претставништвата на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и амбасадата на САД во Македонија издадоа вечерва заедничко соопштение во кое се вели дека ја разгледале безбедносната ситуација во земјата и најстрого го осудуваат организираниот напад кој се случи вчера во Собранието.
“Ние најостро го осудуваме организираниот напад на Собранието кој се случи на 27 април. Ние сме сериозно загрижени поради тоа што властите не успеаа да го спречат овој напад и не им овозможија безбедност на членовите на Собранието и на присутните новинари. Напад врз државна инстутиција која е во срцето на демократијата и напад врз самата демократија.
Ние очекуваме ова злосторство да биде брзо истражено, организаторите и сторителите на нападите да бидат изведени пред правдата а судовите да работат незвисно. Ние исто така очекуваме државните институции брзо да ги извлеат неопхните импликации и да преземат соодветна акција”, велат претставниците на овие меѓународни институции во Македонија.
Тие исто така бараат граѓаните да останат смирени и да избегнуваат провокации а ги повикуваат политичарите да се однесуваат одговорно.