МАСОВНО ДАВААТ ОТКАЗИ: Работодавците тешко можат да најдат квалификувани работници
Објавено во: Финансии 09 Август, 2017
Во САД има голем број на слободни работни места што значи дека вработувањето ќе продолжи во следните месеци.
Бројот на слободни работни места скокнал за 8% на 6.2 милиони.
Ова е најголем број на слободни работни позиции откако се води евиденција од 2000 година.
Но, во САД многу луѓе даваат откази, а работодавците имаат проблем да најдат квалификувана работна сила, поради што се принудени да ги зголемат платите.
Најмногу слободни работни места има во градежништво, преработувачка индустрија, финансии, здравство, државна и локална управа.