Малолетник прегази 44 годишна жена во Крива Паланка
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018
На улица Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка денеска малолетник прегазил 44-годишна жена, којашто починала на лице место.
Несреќата се случила околу 14.30 часот, кога малолетникот Д.Н. со возило „ауди А3“, движејќи се од центарот на Крива Паланка кон периферијата удрил во жената И.Н. родена во 1973 година.
Жената била тешко повредена, по што со возило на итната медицинска помош е пренесена во Здравствениот дом во Крива Паланка, каде што бил извршен обид за реанимација, но неуспешен, по што лекарите констатирале смрт.
Увид на местото на несреќата извршиле екипи на полицијата и Основното јавно обвинителство.