16 Јануари, 2018
0.2932
    KMB 3051.4    0.8%     OKTA 3105    -2.26%     RMDEN16 94.1    0.48%     RZUS 103    0%     STB 930    0%

Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2018


§  Ракометарите ќе играат на Европското првенство со подршка на новиот спонзор Македонски Телеком

§  Телеком ќе носи 50 среќни добитници да ги бодрат нашите ракометари во Загреб на натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари

§  Ексклузивно за време на првенството, корисниците добиваат бонус од 3000 денари за купување на смартфон во новиот Smart M и новата Magenta 1 M

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија.Ракометарите во Загреб ќе се борат за победа со подршка на новиот спонзор, Македонски  Телеком.

Партнерството беше официјализирано на прес конференција на која присустваа Главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-дин Андреас Елснер,  претседателот на Ракометната федерација на Македонија,  г-дин Живко Мукаетов и селекторот на Ракометната федерација,  г-дин Раул Гонзалес.

„Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад. Нашата цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати, а согласно амбициите и плановите на нашата репрезентација, верувам дека ќе имаат успешна игра на Европското првенство  и им посакувам многу понатамошни победи“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

За фановите кои сакаат да ги бодрат нашите ракометари, Телеком ќе носи 50 среќни добитници во Загреб  на натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари (повеќе информации на www.telekombus.com). Дополнително, сите корисници, кои во периодот на првенството ќе ги изберат новиот Smart M и новата Magenta 1 M, добиваат 3.000 денари бонус за купување на нов смартфон.

Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе игра во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Плановите се пласман во главната фаза и продолжување меѓу најдобрите 12 репрезентации.


Можеби ќе ве интересира

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Кој ќе биде најдобриот Менаџер за човечки ресурси во Македонија?

Кој ќе биде најдобриот Менаџер за човечки ресурси во Македонија?

Дане Тодоровски: Најголем предизвик за 2018 е отворање на Сара Фешн во регионот

Дане Тодоровски: Најголем предизвик за 2018 е отворање на Сара Фешн во регионот

(ВИДЕО) Како е да се биде репортер во „Фчерашни новости“?

(ВИДЕО) Како е да се биде репортер во „Фчерашни новости“?

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

„Фчерашни новости“ конечно си посветуваат епизода за нив и насушната новинарска работа

„Фчерашни новости“ конечно си посветуваат епизода за нив и насушната новинарска работа

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

РЕХАУ-партнер на македонската ракометна репрезентација

РЕХАУ-партнер на македонската ракометна репрезентација

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ