20 Април, 2024
0.0267

ЉУБЕ ТРПЕСКИ: БИТКОИН Е ФЕНОМЕН КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРА

Објавено во: Економија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Виртуелните валути, како биткоинот, се повеќе го привлекуваат интересот на инвеститорите, но и на обичните луѓе, пред сè поради можноста за брза заработка, но и за плаќање стоки и услуги и трансфер на пари со многу помали трошоци во споредба со банкарските провизии кај кредитните картички.

Во Македонија законот забранува да се купува со биткоини или со друга виртуелна валута. Но, додека Народната банка на Македонија им порачува на македонските граѓани да не инвестираат во биткоини, зашто се многу ризични и вредноста им е шпекулативна, многумина се обидуваат да заработат на нив, со купување моќни компјутерски машини за „копање“ биткоини или со тргување со вредноста на дигиталните валути на берзански платформи. На прашањето дали Македонците би штеделе во биткоин, професорот и поранешен гувернер на централната банка Љубе Трпески укажува дека не смее да се игнорира оваа голема новина во монетарниот сектор.

- Во услови на информатичка револуција, глобална комуникациска поврзаност и се поголемата моќ на компјутерите, ваквиот вид дигитални валути допрва ќе стануваат се поголем дел од секојдневиоето. Овој нов феномен, наместо да се игнорира, треба да се проучува. Мислам дека Владата и Народната банка, наместо да забрануваат нешто што ќе биде неминовна реалност, подобро е да се фокусираат на развивање на технологијата со цел нејзина потенцијална имплементација и да вложуваат ресурси во разбирање на технологијата и проучување на можностите за нејзината примена- вели Трпески.

Неодамна, НБМ укажува дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци.

- Учесниците во трансакциите со виртуeлните валути најчесто се анонимни и трансакциите не може да се следат, што вообичаено создава сомнеж дека може да бидат поврзани со криминални активности, перење пари, финансирање тероризам. Доколку се појават вакви сомневања, надлежните органи според своите законски овластувања, можат да ја блокираат платформата и да ги замрзнат средствата, што покрај финансиската загуба, може да влијае и врз интегритетот на вложувачите- укажува НБМ.

ЕЦБ врши „експериментална активност“

Многу влади во светот размислуваат како да го регулираат и класифицираат биткоинот, чија вредност се зголеми до рекордно високо ниво од 4 илјади долари, а предвидувањата се дека ќе достигне и 10.000 долари. Jaпонската влада го призна биткоинот како законско платежно средство, како дел од напорите за користење на финансиските технологии за стимулирање на економијата.

И во Европската централна банка (ЕБЦ) будно се следат случувањата околу биткоинот и другите дигитални валути.

- ЕЦБ врши „експериментална активност“ со истата технологија која стои зад биткоинот, но има потреба од дополнителни испитувања пред да размисли нејзината примена- изјави Ив Мерш, член на извршниот одбор на ЕЦБ.

Сепак, централната банка која го контролира еврото се уште е воздржана за усвојувањето на биткоинот како официјално средство за плаќање, велејќи дека дигиталната валута не е стабилна и е премногу ранлива кон шпекулации.

- Биткоинот го нема она нешто што ја прави една валута добра, а тоа е стабилност. Биткоинот е предмет на шпекулации- изјави Евалд Новотни, член на управниот одбор на ЕБЦ.

Од кафе до школарина

Биткоинот се вид дигитални пари (криптовалута) кои се создаваат преку процес кој се нарекува „копање“, односно со користење на моќта на силни компјутери поврзани во мрежа за верификација и запис на плаќањата. Она што го прави различен од конвенционалните пари, како доларот или еврото, е тоа што ниту една институција или Централна банка не ја контролира оваа дигитална валута, што значи дека нејзината вредност не е одредена со монетарната политика на некоја земја, туку единствено со понудата и побарувачката на корисниците. Со биткоините може да се купува и продава, без да се знае кој ја прави нарачката, па поради тоа се на лош глас дека на овој начин виртуелните пари може да бидат поврзани со криминални активности, перење пари, финансирање тероризам.

Но, сепак, ова не ја намалува побарувачка за биткоин во светски рамки, за што најдобро зборува драстичниот раст на неговата вредност. Така, оваа недела цената на еден биткоин достигна 4.330,71 долари, а од почетокот на годината, криптовалутата е поскапена за над 320 отсто. Пресметките покажуваат дека ако некој купил биткоини за 100 долари во 2009 година, кога е создадена валутата, сега би имал во дигиталниот паричник околу 100 милиони долари.

Овие крипто-пари најлесно е да се потрошат во Јапонија, САД и во уште неколку земји кои го прифатија биткоинот за легален, најчесто во интернет- трговијата, но како средство за плаќање се почесто се прифаќаат и во ресторани, бутици, продавници, па и за плаќање школарина за факултети.

М.Б.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите