Летна уште една премиерска глава во Романија
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Во Романија продолжува трендот на кратки премиерски кариери, што од притисок на народот, што од борбата на органите против корупцијата, но и од брзите политички и партиски промени.
Откако не доби доверба романскиот премиер Михаи Тудосе беше принуден да си поднесе оставка, а против него гласаше и сопствената Социјалдемократска партија која не го поддржа. Со тоа тој стана втор премиер на Романија за помалку од седум месеци кого партијата го смени од власт.
Романската владејачка Социјалдемокартска партија денеска одржа состанок за да разгледа дали ќе продолжи да го поддржува премиерот Михаи Тудосе, кој има несогласувања со лидерот на таа партија Ливиу Драгнеа, кој, пак, не може да биде премиер бидејќи е осуден за фалсификување избори.
Предлогот за нов кандидат за претседател на владата ќе мора да биде одобрен и од страна на романскиот претседател Клаус Јоханис.