„Кубачот“ на Шекеринска ќе бара од судот помала казна
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2018
Одбраната на Панче Ангелов, човекот кој ја искуба и нападна Радмила Шекеринска во Собранието на Крвавиот четврток. пред Апелациониот суд во Скопје ќе побара намалување на неговата затворска казна.
За жалбата на одбраната на Ангелов денеска ќе се расправа на јавна седница во Апелациниот суд. Во жалбата се бара промената на квалификацијата на делото и на висината на казната.
Ангелов беше осуден на четири години затвор за кривично дело насилство. За време на судењето тој призна вина за стореното дело.