КОМПАНИИТЕ ПОТВРДИЈА: Расте бизнис довербата во Германија
Објавено во: Економија 23 Февруари, 2017
Бизнис довербата во Германија забележа нагло подобрување во февруари до тригодишен врв.
Тоа укажува дека менаџерите на германските компании се позитивно настроени во врска со изгледите за раст на водечката европска економија.
Ова го покажуваат резултатите од последното истражување на економскиот институт Ifo.
Индексот на институтот Ifo, базиран на месечно истражување меѓу 7.000 компании и дефинирање на нивото на бизнис климата во Германија, се зголеми во февруари.
Економијата на Германија се врати назад на патот на солиден раст. Во исто време фирмите во земјата изразиле и поголем бизнис оптимизам за следните месеци.