20 Април, 2024
0.0250

Кој ќе биде најдобриот Менаџер за човечки ресурси во Македонија?

Македонската асоцијација за човечки ресурси по четврт пат организира избор за најдобар HR менаџер во Македонија.

Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација за човечки ресурси ќе го избира најдобриот HR менаџер во Македонија. По четврт пат, преку пријавување на номинираните апликанти ќе се бара професионалецот кој со своите работни активности има придонес во креирање и спроведување на стратегија за човечки ресурси во организацијата.

Целта и важноста на изборот е да се промовира и признае трудот на посветените професионалци и да се награди придонесот олицетворен во успехот на една организација или тим. Креирање и интегрирање на практики за унапредување со човечките ресурси, создавање продуктивна работна атмосфера и компилирање на кадри што отвораат можности за секоја работната средина, примена на стандарди и посветена работа се само дел од потребните квалификации.

Со изборот на HR менаџер на годината се истакнува важноста на HR професијата во организациите, но и во општеството. Селекција на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисијата составена од пет члена, експерти во областа на човечките ресурси кои ќе ги оценуваат техничките и функционални компетенции на HR менаџерот, лични компетенции, континуираното професионално усовршување, како и промовирање на функцијата за унапредување на човечките ресурси, внатре и надвор од организацијата.

Номиниран за наградата може да биде вработен на некоја позициите Директор за човечки ресурси, Менаџер за човечки  ресурси, Раководител за човечки ресурси, а кандидатите мора да имаат најмалку 3 години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно 8 години работно искуство.

Наградата како пример и симбол за важноста на човечките ресурси, ќе биде доделена од Македонската асоцијација за човечки ресурси во склоп на годишната конференција. Пријавувањето и номинирањето започнува од 15ти јануари и ќе трае заклучно до 28 февруари 2018.  Потребно е да се пополни формуларот за номинирање на HR менаџер и да се проследи на contact@mhra.mk. Подетални информации достапни се навеб страница.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга