24 Април, 2024
0.0247

Кои народи трошат најмногу пари на патување?

Објавено во: Стил 16 Август, 2017

Добивај вести на Viber

По 740 евра по лице трошат граѓаните на Луксембург при патување. 

Тоа е повеќе од другите граѓани на ЕУ, покажува истражување на ЕВРОСТАТ за 2015 година. 

Зад нив се Австријците кои во просек трошат по 610 евра. 

Подолу на листата се граѓаните на Малта кои трошат по 590 евра по лице на патување. 

Најмалку трошат Романците и Летонците и тоа по 116 евра, а помалку од нив трошат Грците и Унгарците по 120 и 130 евра. 

Од 200 до 300 евра трошат граѓаните на Шведска, Словенија, Словачка, Хрватска, а од 300 до 400 евра трошат граѓаните на Данска, Франција, Италија, Холандија, Финска. 

Над 400 евра трошат Германците, Ирци, жителите на Кипар, а над 500 евра е сума која ја планираат за патување Белгијците и Малтежаните. 

Просекот за ЕУ е 320 евра, покажуваат податоците на ЕВРОСТАТ. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган