На прашањето дали по топлиот пречек, наскоро може да се очекува заедничко сослужение меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, патријархот Неофит вели дека „тоа што се случи е радосно, но деталите ќе се разгледуваат во иднина во меѓуцрковните односи“.
Претседателот Румен Радев, потсетува Бгнес, заедно со пловдивскиот владика Николај и старозагорскиот Кипријан, изминатиот викенд беа пречекани со биење на камбани и мноштво народ во најголемиот македонски манастир - Бигорскиот. Тоа беше и прва посета на некој странски претседател на бигорската обител. Пред да го посетат манастирот, двајцата бугарски митрополити имаа средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.