25 Април, 2024
0.0331

Ќе стане ли комбинираната централа Когел Стил златна кокошка?

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Ако се отвори пазарот за балансна електрична енергија „Когел Стил“ со своите 30 мегавати на час може да стане значаен играч и понудувач на пазарот за струја. Џокери се и тоа што компанијата истовремено со струја може да испорачува и топлина и пареа.

Комбинираната централа „Когел Стил“ лоцирана во комплексот на скопската Железарница повторно е актуелна во јавноста со најавата на „Комерцијална банка“ за продажба на нејзниниот имот на усна јавна продажба. „Комерцијална банка“ е доверител во таа компанија и заради неплатени и достасани обврски преку извршител организира продажба на овој капацитет.

Зошто „Когел Стил“ може да биде златна кокошка во бизнисот со струја?

Оваа комбинирана централа може едновремено да произведува струја, топлинска енергија за системот за затоплување на домовите во населбите „Железара“ и „Автокоманда“ и да произведува техничка пареа потребна за производствените процеси на некои од правните субјекти во железарскиот комплекс. Како енергенс за производство на струја, топлинска енергија и пареа, оваа компанија го коирсти природниот гас, а скопската железарница е поврзана на гасоводниот систем кој во земјава и не е многу развиен.

Оваа компанија има десет мотори кои заедно можат да произведат 30 мегавати струја на час. Зошто „Когел Стил“ станува интересен? Се очекува наскоро, можеби и и од почетокот на идната година да почне да функционира значајна  промена на режимот на работење во електроенергетскиот систем во кој најголемите компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН дистрибуција може да станат балансно-одговорни страни. Тоа значи дека секоја од тие компании ќе треба да ја испорача во системот или да ја превземе од таму количината на електрична енергија што декларирал односно номинирал дека ќе ја превземе или ќе ја испорача. Во спротивно ќе треба да плаќа пенали. Овој процес значи дополнително отварање на пазарот на електрична енергија затоа што ќе се зголеми побарувачката за електрична енергија. Тука е шансата на „Когел Стил“.

„Когел Стил“ на отварањето летото 2009 година беше промовиран од тогашниот врвен политички естаблишмент како значајно странска инвестиција во која беа вложени 20 милиони евра. Компанијата беше преименувана во „Когел Стил“ во 2012 година. Од малкуте достапни податоци се знае дека таму сопственик на удел е скопската компанија РЖ „Услуги“ дали има и други сопственици на удели не може да се каже со сигурност оти нема таков официјален податок. „Комерцијална банка“ најави дека ќе има усна јавна продажба на своето побарување т.е. имотот што е ставен под залог. Останува да видиме, но доколку не се одложи фазата за балансна одговорност на трите најголеми енергетски капацитети „Когел Стил“ може да „влезе во игра“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?